„Симпо“ доби признание за модерен мебел на Скопскиот саем

28.03.2017 08:04 | KumanovoNews

Српската компанија „Симпо“ од Врање на 43. Меѓународен саем на мебел во Скопје, кој заврши завчера, го доби признанието „Мебел 2017„ за гарнитурата „Лазар“ во категорија на модерен мебел за дневен престој.

„Симпо“ доби признание за модерен мебел на Скопскиот саем

 Наградата ја освои по оценка на стручното жири во конкуренција на 400 домашни и странски компании од Македонија, Србија, Хрватска, Грција, Италија и Словенија.

„Гарнитурата „Лазар“, но и целата нова колекција на „Симпо“, се одликува со удобност и функционалност, а пред се со исклучително висок квалитет на матерјали. Ние нудиме намештај со модерен дизајн и како може да се види повеќето од нашите модели се продадени, што значи дека и понатаму уживаме традиционално голема доверба кај потрошувачите во Македонија“, - велат од „Симпо“.

Новите модели на мебел ќе бидат изложени и во салонот во Куманово, кој наскоро ќе биде преместен на старо-нова локација, односно во деловниот простор помеѓу дирекцијата на ЕВН и Центарот за социјално, каде што и порано се наоѓаше салонот на „Симпо„.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk