Синдикалците на Првомајски марш за солидарност во Скопје

28.04.2015 13:16 | KumanovoNews

Членовите на Регионалниот синдикат Куманово, во петок ќе учествуваат на Првомајски марш за солидарност во Скопје.

Синдикалците на Првомајски марш за солидарност во Скопје

Целта на маршот е да испратат порака дека треба да се почитуваат колективните договори и сите работодавачи да ги потпишат, со што работниците ќе имаат поголеми права, сигурни работни места, вработување на неопределено време и слично.

Има голема разлика. При потпишување на договор за работа на определено време, работодавачот може по истекот на договорот на работникот да му каже дека му престанува работниот однос, а со потпишување на договор на неопределено време е сосема друга постапка и не може туку така работникот да биде отпуштен од работа - вели Миле Спасовски, секретар во Регионален синдикат Куманово.

Во фаза е информирањето на членовите на синдикатот, дека можат да се приклучат на маршот во Скопје. Спасовски на сите работници им го честита 1 мај - Меѓународниот ден на трудот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk