Синдикалната кошничка за јули е 65.328 денари, зголемена за 680 денари од јуни

21.07.2025 15:23 | KumanovoNews

Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец (јуни 2025) кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

Синдикалната кошничка за јули е 65.328 денари, зголемена за 680 денари од јуни

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, додава ССМ, кошницата изнесува 80.703 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница (СМК) за храна и пијалаци, за 63-те производи кои ги следи СМК,  за јули 2025 изнесува 23.682 денари и споредено со јуни 2025 (23 167 денари) е зголемена за  515 денари.

„Од  податоците на синдикалната минимална кошница  евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за 4,20 проценти,  додека кај храната и пијалаците за три месеци има зголемување за 2.202 денари односно за 10,25 проценти“, наведува ССМ.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk