Синдикатот нема да ги застапува стечајците од Монопол?

27.06.2013 12:32 | KumanovoNews

 По барање на стечајниот управник Зоран Денковски, Судот на завчерашното рочиште одлучи Сидникатот да не ги застапува поранешните вработени на Tутунскиот комбинат Куманово и наложи едно лице од вработените да се назначи во одборот на доверители.

Синдикатот нема да ги застапува стечајците од Монопол?

Од Синдикатот велат дека таквата одлука е парадоксална и сметаат дека треба да се почитува вољата на стечајците.

Со изборот на само еден член на одборот од страна на стечаен управник, тој ќе се застапува себе си, а другите ќе нема кој да ги застапува во одборот на доверители. Се работи за голем број на стечајци, над 200 и нивната волја треба да се почитува бидејќи тие имаат доверба во нас. Ние се обративме до в.д претседателот на судот да интервенира и да и укаже на стачајната судијка Јасмина Јанева Сандевска дека синдикатот има право да ги штити интересите на работниците - вели Миле Спасовски, секретар на Регионален синдикат.

Тој објаснува дека стечајниот управник не може да одредува кој ќе ги застапува стечајците пред суд, а судијката може да го разреши членот на одборот на доверители само ако не си ги врши обврските пропишани со закон.

 Ваквата постапка на стечајниот управник и стечајниот судија крајно ги иритира вработените и остава простор за различни шпекулации дека повторно може да бидат изманипулирани како многупати досега. Ние поднесовме преставка до Републичкиот судски совет и откако ќе добиеме решение ќе го обжалиме. Ќе реагираме и до стечајниот судски совет - додава Спасовски.

Тој посочи примери дека во Скопје, Кавадарци, Куманово во неколку наврати синдикатот ги застапувал стечајците од повеќе фирми пред суд што е сосема нормално.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk