Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поддржувачите и активистите на граѓанската иницијатива „Протестирам“ и членови и симпатизери на опозициските партии синоќа протестираа во Куманово.
Протестот започна пред зградата на поранешен „Комитет“, а се обратија Оливера Стојковска, граѓански активист и Дејан Павлески, претседател на комисијата за локална самоуправа од СДСМ.
На протестот беше нагласено дека пратениците од опозицијата нема да учествуваат во работата на Собранието се додека Уставниот суд не се произнесе за Специјалното јавно обвинителство и дека избори ќе има тогаш кога ќе се исполнат условите за оддржување фер и слободни избори.
Учесниците се упатија кон „Народна Револуција“,„Ленинова“,„Доне Божинов“ и протестот мирно го завршија пред Основниот суд во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk