Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Силното невреме што синоќа го зафати Скопје, а имаше најава дека ќе се прошири кон северниот дел на земјата го одмина Куманово.
Освен силни електрични празнења и ситен дож со засилен ветер, немаше пообилни врнежи. Според Управата за хидрометоролошки работи во изминатите 24 часа во Куманово наврна 1 литар на метар квадратен дожд, најмалку во државата. Во Скопје паднале дури 93 литри на квадратен метар.
Денес нашето подрачје ќе остане под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови повторно ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кој локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Најпрво ќе бидат зафатени западните делови а потоа кон крајот на денот и во вечерните часови ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови. Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер.
Повремени врнежи ќе продолжат и преку ноќта.
Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.
Во Скопската котлина времето ќе биде променливо а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.
Од синоќешното невреме во скопскиот регион 15 лица загинаа а 6 се водат како исчезнати.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk