Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Б.Ј.(40) од Куманово, кој вчера со убод од нож го усмрти неговиот татко денеска по итна постапка ќе биде сослушан од јавен обвинител во Основното јавно обвинителството во Куманово.
Потоа со обвинителен акт и кривична пријава ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Куманово.
„Полициски службеници од СВР Куманово, вчера околу 16.00 часот, го привеле Б.Ј.(40) од Куманово затоа што во семејната куќа во кумановската населба „Иго Тричковиќ“ со нож го нападнал својот татко С.Ј.(65), кој им подлегнал на повредите“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово, а телото на починатиот, по наредба на Јавен обвинител, било предадено за обдукција. По целосно расчистување на случајот, против Б.Ј. ќе следува соодветна пријава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk