Сириец прободен со нож на Табановце

13.08.2016 12:08 | KumanovoNews

Двајца државјани на Сирија вчера биле нападнати со нож во близина на транзитниот центар Табановце, на македонско-српската граница.

Сириец прободен со нож на Табановце

Нападот се случил околу 16.30 часот додека М.А. (21) и А.Б.(27) се враќале од селото Лојане кон ТЦ „Табановце". Движејќи се низ полето, биле физички нападнати од пет непознати лица, кои му нанеле расекотина со нож на левата надлактица на М.А..

По пристигнување во ТЦ„Табановце", лицата се обратиле за помош кај медицинската екипа на Црвениот крст каде на повредениот му била укажана медицинска помош.

Од страна на полициски службеници од ПС-Куманово извршен е разговор со лицата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk