Сиријци со лажни лични карти сакале да поминат на Табановце

11.11.2014 15:17 | KumanovoNews

Двајца сиријски државјани со лажни лични карти сакале да излезат од земјава на граничен премин Табановце.

Сиријци со лажни лични карти сакале да поминат на Табановце

Х.М.(33) и Д.Ј.(18) во октомври годинава  при пасошка контрола на Табановце приложиле една унгарска и една германска лична карта. Полициските службеници при проверка утврдиле дека се работи за фалсификувани лични карти.  Сиријците признале дека илегално влегле во земјава кај граничен премин Богородица, а личните карти ги набавиле во Атина од лице од Ирак за 1000 евра.

Тие ќе одговараат за фалсификување исправа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk