Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Петнаесетина фармери од кумановско, липковско и Ранковце од УСАИД ќе добијат опрема за систем “капка по капка“ со цел да обезбедат поголеми приноси на пченка.
Фармерите се избрани по препорака на млекарите и со директни контакти на терен.
Системот “капка по капка“ го избравме затоа што значително влијае на приносите на пченка во зрно и на приносите за силажа. Ланските искуства покажуваат дека со нашата методологија се зголемени за 50 отсто приносите во зрно и 48 отсто просечно во силажа. Позадина на целата работа е супституција на увозот. Да покажеме дека преку зголемување на производство на млеко ќе го намалиме увозот, а тоа ќе го постигнеме преку поголемо производство на храна. Што помалку храна има толку трпи млекопроизводството - изјави Мартин Трајчев, специјалист за регионален економски развој во проект на УСАИД.
Фармерите ќе добијат систем “капка по капка“ за површина од еден хектар и по реколтата ќе се споредат резултатите пред и потоа за да се види колку е побогат приносот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk