Систина Офталмологија е прва очна болница акредитирана од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во Македонија

28.07.2023 18:54 | Сузана Николиќ

Систина Офталмологија, како водечка болница за очна нега, врз основа на исклучителниот начин на работа по највисоките стандарди на работа и грижа за нашите пациенти во изминатите 13 години, стана првата акредитирана очна болница во Македонија.

Систина Офталмологија  е прва очна болница акредитирана од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во Македонија

Акредитацијата е спроведена и доделена од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, а служи како признание и доказ за беспрекорната посветеност на нашата болница кон своите пациенти и за секојдневниот стремеж за извонредност во
офталмологијата. 

Систина Офталмологија ја доби највисоката оценка и максимален период на акредитација од 5 години.

„Горди сме на овој успех кој од една страна претставува потврда за досегашното работење засновано на работа според воспоставени процедури и протоколи и воедно е поттик за идно унапредување. Агенцијата за квалитет и акредитација беше огромна поддршка во
овој заенички процес кој неминовно беше дека ќе заврши успешно. Целокупното работење на Систина Офталмологија е според нависоките стандарди имајќи го пациентот во фокусот на се она што го работиме. Овој успех е резултат и на тимската работа на
вработените во болницата и заедничакта заложба”, изјави медицинскиот директор д-р Златко Арнаудовски.

Оваа Акредитација е потврда за позицијата на Систина Офталмологија како лидер во офталмолошките услуги во регионот, која работи според најсовремени третмани, поддржани од тим на висококвалификувани медицински офталмолози, хирурзи, медицински сестри и анестезиолози.
 
(ПР текст)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk