Сите патишта проодни, снегот се топи

08.02.2013 08:50 | KumanovoNews

Снегот кој синоќа и утринава паѓаше не предизвика застој во сообраќајот и сите патишта во општината се проодни.

Сите патишта проодни, снегот се топи

Од Центарот за управување со кризи велат дека температурата е над нулата и снегот се топи. Според извештајот на Македонија пат патиштата кон граничниот премин Табановце, Куманово - Кратово и критичната точка Павлешенци кон Свети Николе се проодни и сообраќајот се одвива нормално.

Утре не очекува снежно време, а во недела ќе има врнежи од дожд. Утринските температури викендов ќе бидат од -2 до - 7 степени, а дневните околу 5 степени.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk