Сите патни правци во Куманово се проодни и нема отсечени села, тврдат од РЦУК

26.01.2019 09:42 | KumanovoNews

Сите патни правци на територија на Општина Куманово се проодни и нема отсечени села, и нема проблеми при движење на возилата, а сообраќајот се одвива во зимски  услови, тврдат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) во информацијата проследена до медиумите.

Сите патни правци во Куманово се проодни и нема отсечени села, тврдат од РЦУК

„Сите локални патни правци во надлежност на Општина Куманово се чисти и проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови. Со оглед на ноќните ниски температури  поради влажноста и вчерашните врнежи од  снег, тие се склони на подледување и се препорачува внимателно возење. Патиштата кон селските населби кои гравитираат кон градот се во движење и употреба, но сепак  поради нивната влажност и заледување и се препорачува внимателно движење. Во целина екипите на локалната самоуправа на целата територија овозможи поврзаност на градот, населбите и селата, со целосно прочистување на сите патни правци  и  покрај слабите врнежи преку дента, - стои во соопштението на РЦУК.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk