Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Момче се бори за живот на скопските клиники откако го повредило рбетниот столб при скок во водите на реката Пчиња во кумановското село Шупли Камен.
Несреќата се случила вчера попладне, додека Б.С.(24) од Куманово со своето друштво бил на капење во реката. Во еден момент скокнал од мостот на реката и го повредил вратниот пршлен.
Од хируршкото одделение на Општата болница ни потврдија дека момчето кај нив било донесно во 18 часот со возило на Брза помош во бесознание и со одземеност на екстремитетите, поради повреда на рбетниот столб.
По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите пациентот бил префрлен во Ургентниот центар Скопје, каде му била констатирана тешка телесна повреда фрактура на вратниот пршлен.
Б.С. е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност.
Лекарите го пријавиле случајот во Кумановската полиција, по што е извршен увид на лице место и било утврдено дека момчето се самоповредило.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk