Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.Љ.(62) од Куманово е човекот што утринава беше пронајден мртов пред зграда во центарот на градот.
Како што соопштуваат од СВР Куманово, М.Љ. утрово си го одзел животот скокајќи од вториот кат од станот во кој живеел, во зграда на улицата „Димитрије Туцовиќ„.
Безживотното тело облеано во крв во 8.20 часот го пронашол сопственик на дуќан, кој доаѓал на работа.
Увид на лице место изврши полицијата и јавното обвинителство.
Телото на починатиот е предадено на семејството.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk