Скопјанец и кумановец злоупотребиле осигурување

31.01.2014 16:00 | KumanovoNews

Д.Л.(48) од Скопје, член на одбор на директори во “Кроација осигурување“ незаконски склучил договор за осигурување со Ј.М.(60) од Куманово.

Скопјанец и кумановец злоупотребиле осигурување

Злоупотребата била направена во период од 2009 до 2013 година. Скопјанецот за да му помогне на кумановецот да дојде до пари, склучил преддоговор за застапување при осигурување иако знаел дека не поседува лиценца за оваа дејност. Врз основа на склучениот договор незаконски на Ј.М. му биле исплатени 174.194 денари.

Д.Л. ќе одговара за “злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.М. за “поттикнување“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk