Скопјанец измамен за 1000 евра при купување на пченка во Куманово

21.01.2022 14:02 | Сузана Николиќ

Триесет и тригодишен маж од Скопје синојка пријавил во Кумановската полиција дека бил измамен од едно лице за сума од 1000 евра. 

Скопјанец измамен за 1000 евра при купување на пченка во Куманово

Според пријавеното, на една од социјалните мрежи бил објавен оглас за продажба на пченка, по што откако се договориле за сумата и местото на кое ќе му биде донесена пченката, пријавителот ја исплатил договорената сума на лице испратено од пријавениот.

Но, кога пристигнал на местото да си ја земе пченката, друго лице не му ја дало, бидејќи наводно не му било платено.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk