Скопјанец силувал кумановка

25.08.2016 09:43 | KumanovoNews

Скопјанец силувал кумановка, а потоа избегал. Се работи за 19-годишниот С.Р. од Скопје, против кој е поднесена кривична пријава под сомнение дека тој го сторил кривичното дело силување, информираа вчера од МВР.

Скопјанец силувал кумановка

Делото за коешто тој е осомничен го сторил на 13 овој месец околу 11.45 часот во Куманово, кај место викано Бавчи. Тој тогаш ја забележал Х.М. (24) од Куманово како се движи по патот, по што се нафрлил врз неа и почнал да ја мава. Откако ја соборил на земја и и ја повредил ногата, ја силувал. Иако повредена Х.М., бранејќи се, успеала да се оттргне и да избега. Избегал и тој од местото. Подоцна, откако силуваната го пријавила случајот во полиција, С.Р. бил уапсен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk