Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Н.А.(47) и С.Ј.(34), двајцата од Скопје нападнеле полицајци во Куманово.
Инцидентот се случил во саботата на ул. „11-ти Октомври“ во Куманово, додека полициските службеници преземале службени дејствија за нарушен јавен ред и мир. При тоа двајцата насилници се нафрлиле врз нив, физички ги нападнале и ги спречиле во намерата.
Од страна на судија во претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против скопјаните за сторени кривични дела спречување службено лице во вршење службено дејствие и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk