Скоро 7000 невработени во Куманово

07.03.2014 16:05 | KumanovoNews

 Во Куманово во јануари годинава имало 6835 невработени, кои активно бараат работа, покажуваа податоците од Државната агенција за вработување.

Скоро 7000 невработени во Куманово

Од нив 5340 невработени живеат во град, а 1495 живеат на село. Меѓу невработените доминираат жените и тоа претежно со завршено основно и средно образование.

Во земјава голем број невработени имаат Тетово над 10.000, Битола 7000, Прилеп има ист број како и Куманово,  Охрид нешто повеќе од 4.000, а Крива Паланка, Кичево и Велес се со повеќе од 3000 невработени.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk