Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата каде што ќе има гласање

18.04.2024 14:18 | KumanovoNews

На 23 април и 7 мај учениците ќе имаат скратени часови, во оние училишта каде ќе се одвива изборниот процес, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). 

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата каде што ќе има гласање

„На 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот,
со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред“, информираат од Министерството за образование и наука.

Оттаму велат дека наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта. Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни, соопштува МОН.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk