Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Скромна програма за Денот на градот -11 Ноември, најави денеска градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.
Во десетдневниот предпразничен период ќе се одржуваат главно спортски активности, ќе се отворат две изложби на слики и голем концерт на градскиот плоштад. На самиот ден на ослободување на градот- 11 ноември, вообичаено, ќе се започне со положување цвеќе на Спомен костурницата, а потоа ќе се одржи свечена седница на која ќе бидат доделени Ноемвриските награди.
„Како новини оваа година е турнирот во пливање, ноќната атлетска трка и меѓународниот турнир во кик-бокс. Останатите содржини се веќе познати, а тоа се турнири во пинг-понг, боречки вештини, фудбал, спортски риболов и велосипедска трка. Јавноста ќе ги види и сликите од ликовните колонии Карпино и Пелнинце, а на 10 ноември навечер ќе настапи популарната група Милиграм и ќе има спектакуларен огномет, - изјави градоначалникот Дамјановски.
Она што може да се види во понудената празнична програма недостасуваат културно-уметнички настани, концерти на класична музика, поетски читања, промоции на книги, театарски претстави и други содржини кои ќе дадат свеченост на настанот.
Иако, во вакви ситуации секогаш изговор на надлежните е дека нема доволно пари, сепак треба да се поработи малку повеќе достојно да се одбележи празникот на градот. Да привлече што повеќе посетители, а не само љубители на спортот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk