Скромно новогодишно украсување на градот

04.12.2014 11:30 | KumanovoNews

Наредната недела ќе отпочне новогодишното украсување на градот, информираат од јавното претпријатије „Куманово - паркинг“.

Скромно новогодишно украсување на градот

И оваа година на Градскиот плоштад ќе се постави новогодишна елка, а ќе се украси и центарот на градот.

“Ќе ја употребиме старата елка и старите украси, се ќе биде скромно бидејќи таква е финансиската состојба и немаме пари за нова опрема. Украси ќе бидат поставени на булеварите и на улиците во центалното градско подрачје. Имаме 200.000 денари за украсување и ќе гледаме ако може од некоја друга ставка да се употребат средства. Тоа ќе се знае дури следната недела“ - вели Фадиљ Шабани, директор на “Куманово - паркинг“.

Новогодишното украсување во градот одсекогаш било скромно во однос на поголемите центри.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk