Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска ја повика локалната власт да ја поправи заштитната ограда на улицата „Тоде Думба“, која пред неколку месеци беше скршена кога во неа удри автомобил и падна на улицата „Драган Стопаревиќ“.
Тој смета дека оштетениот дел е подеднакво опасен и за возачите и за пешаците, кои ја користат оваа фреквентна сообраќајница.
„Пред неколку месеци граѓаните алармирале до градоначалникот да се реши проблемот, но се уште не е преземено ништо. Тие побараа помош и од мене како пратеник овој проблем да се реши. Ова се улици кои се многу фреквентни и ги користат граѓаните од населбите „Гоце Делчев“, „Зелен Рид“ и „Бабин Дол“ кога се движат кон центарот на градот и недозволиво за една локална самоуправа да остави не решен еден ваков проблем, кој ја загрозува безбедноста на возачите и пешаците во Куманово“, кажа Петрушевски.
Тој апелираше до градоначалникот да си ги заврши обврските за кои граѓаните му дале доверба и за што зема плата.
(С.Н.)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk