Скулптура „Кавалџија“ поставена на плоштадот во Старо Нагоричане

14.09.2019 12:42 | KumanovoNews

Скулптура „Кавалџија“ изработена од Горан Стаменков, направено од метал, прво дело од проектот „На патот“, поставена е на плоштадот во Старо Нагоричане.

Скулптура „Кавалџија“ поставена на плоштадот во Старо Нагоричане

Делото кореспондира со идејата на “public art”, уметността да биде извадена од музеите и галериите и да биде поблиску до луѓето. Во исто време, таа го разубавува просторот и ги анимира посетителите на црквата Св. Ѓорѓи.

„Идејата на проектот „На патот“ е да ги ангажира уметниците да ја употребат својата креативност и да ја претстават својата уметност надвор од галериите. На тој начин, тие ја ставаат уметноста во служба на јавноста, при тоа не откажувајќи се од своите идеи за независност во творештвото. И останатите идеји кои се изродија во атељето „На патот“, ќе бидат реализирани во брзо време, - соопштуваат организаторите.  

Тие истовремено ги покануваат сите уметници од регионот, да земат активно учество во културниот центар преку своите идеи и дела, а авторите на оние дела кои ќе бидат изберени да се изработат во отворен простор, ќе бидат наградени. За користење на капацитетите на центарот и за учество во проектот, заинтересираните можат да се пријават на тел. 077/522-392.

Проектот „На патот“ го имплементира ЛАГ АБЕР 2015, финансиран е од Амбасадата на Швајцарија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk