Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жена од Куманово во полицијата пријавила случај на сквернавење на градските гробишта.
Вчера во 12 часот С.П. од Куманово во СВР Куманово пријавила дека на градските гробишта во Куманово било извршено сквернавење на гроб, информираат од СВР Куманово.
Според извор од истрагата за ТВ Телма, станува збор за вечно почивалиште на девојка, која минатата година загинала во сообраќајна несреќа во скопски Илинден.
Гробното место било ископано целосно и многу длабоко, потврдиле од истрагата.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk