Слаб снег провејува на Павлешенци

15.01.2016 10:26 | KumanovoNews

Слаб снег утрово провејува на Павлешенци на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, стои во извештајот од Македонија пат за состојбата на патиштата.

Слаб снег провејува на Павлешенци

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно  влажни коловози. Слаб снег превејува и на Попова Шапка, Стража, Маврово, Смојмирово, Ѓавато, Буково и Крушево.

Во  клисурите  и  засеците  можна  е  појава  на  помали  одрони,  особено  на  патните  правци: Кочани  –  М.Каменица  -Делчево,  Виница - Берово,  Гостивар  –  крак  Маврово­-Стража, Маврово­-Дебар-­Струга, Д.Капија- ­ Удово и Катланово-­Велес.

Дежурните  екипи  на  ЈП  Македонија пат  се  постојано  на  терен  и  ги  одржуваат  сите  патни правци проодни.

На  учесниците  во  сообраќајот  им  препорачуваме  внимателно  управување  со  возилата, почитување  на  поставената  сообраќајна  сигнализација,  како  и  прилагодување  на  брзината спрема условите на патот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk