Слаб снег провејува во Куманово

29.11.2016 08:58 | KumanovoNews

Слаб снег проследен со ветер провејува во Куманово. Во текот на ноќта врнежите од дожд поминале во снег и на пониските места. На повисоките места и планините во западните делови, врнежите се со умерен интензитет и се формира снежна покривка.

Слаб снег провејува во Куманово

Според Меторолозите во текот на денот ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Помала снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините ќе се зголеми. Дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од -2 до 4 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец, а максималната дневна температура ќе биде 0 степени, додека истата вечерва во текот на ноќта ќе падне на -7 степени.

Во следните денови следува стабилно време со постепен пораст на дневната температурата, но во среда и четврток утрата ќе биде многу студено со температури од -10 до -4 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk