Слабо оди собирањето потписи за претседателските кандидати

28.02.2014 10:11 | KumanovoNews

Во канцеларија на ДИК во Куманово, слаб е одзивот на граѓаните кои даваат подршка на независните кандидати кои сакаат да учествуваат на  претседателските избори.

Слабо оди собирањето потписи за претседателските кандидати

Досега за Стојанче Ангелов се потпишале 121 граѓанин, за Билјана Ванковска скоро 100, за Хисен Исмаили само 3, а за Илјаз Халими потписи се собираат од вчера и првите поддржувачи се потпишаа рано утрово, велат од канцеларијата.

Во недела на полноќ истекува рокот за собирање на 10.000 потписи за претседателска кандидатура.

Досега само професорот Зоран Поповски од ГРОМ успеја да ги собере потписите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk