Славеле роденден па го нападнале келнерот затоа што побарал да ги почитуваат протоколите

13.01.2021 11:07 | KumanovoNews

Б.З.(26) од Куманово вчера во 16.30 часот пријавил дека во игротека во населбата „Гоце Делчев“, каде што работи како келнер, додека се оддржувала роденденска забава бил физички нападнат од М.Н. - организатор на роденденот и уште две лица гости на прославата.

Славеле роденден па го нападнале келнерот затоа што побарал да ги почитуваат протоколите

Според пријавителот, причина за нападот е затоа што ги предупредил да ги читуваат протоколите за работа на угостителските објекти.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk