Славица Стојановиќ нова директорка на ОУ „11 Октомври“

13.05.2025 13:34 | Оливера Пешевска

Славица Стојановиќ од вчера е назначена за в.д. директорка на Основното училиште „11 Октомври“ во Куманово. 

Славица Стојановиќ нова директорка на ОУ „11 Октомври“

Таа по професија е одделенски наставник, која дипломирала на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Зад себе има работно искуство во струката од 19 години, а одреден период била и раководителка на подрачното училиште во селото Речица.

„Прв предизвик со кој ќе се соочам се уписите на првооделенците за учебната 2025/2026 година, кои се веќе започнати. Се надевам дека ќе запишеме доволен број на ученици, има се поголема заинтересираност поради тоа што нудиме и дневен престој. Познати ми се состојбите и проблемите на установата, ќе работам на подобрување на основните услови во објектите, подобрување на наставата, како и меѓучовечките односи, се со цел за поефикасно спроведување на работниот процес“, истакна новата директорка Славица Стојановиќ.

Таа доаѓа на местото на Драгица Спасиќ, која биле разрешена од училишниот одбор, по што граначалникот ја назначил новата в.д. директорка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk