Следната недела ќе се раскитува градот

18.01.2014 11:19 | KumanovoNews

Следната недела екипи на ЈП “Куманово - паркинг“ ќе почнат со раскитување на градот.

Следната недела ќе се раскитува градот

Ќе биде отстранета елката од Градскиот плоштад и украсите во централното градско подрачје.

- Ќе чекаме да поминат православните празници и потоа целосно ќе го раскитиме градот. Да им се заблагодарам на граѓаните што беа совесни, чесни и се помина во најдобар ред за Нова година. Немаше  украдени, оштетни украси како претходните години - вели Фадиљ Шабани, директор на ЈП“Куманово - паркинг“.

Новогодишната елка на Градскиот плоштад беше поставена десетина дена пред Нова година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk