Следува нестабилно време

14.06.2017 14:34 | KumanovoNews

Следува период на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд со променлив интензитет и проследени со грмежи.

Следува нестабилно време

Денес попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните и северните делови.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Утре ќе преовладува променливо облачно време. Претпладне и околу пладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, ќе биде во западните, а попладне во југоисточните делови.

Позначителна нестабилност повторно се очекува во петок кон сабота.

За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk