Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во сите средни училишта во Куманово останаа слободни места за вториот уписен рок кој ќе се оддржи на 25 август.
Во Гимназија “Гоце Делчев“ имаат 93 празни места за паралелки на македонски јазик и 34 места за паралелка на српски јазик.
Во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ имаат слободни места за упис во прва година за сите образовни профили.
Во “Перо Наков“ за економски техничар има 35, за техничар за трговија и маркетинг 44, деловен секретар 30, банкарски техничар 16, техничар за дизајн на облека 25, конфекциски техничар 31, техничар за обувки 31 и произведувач на обувки на три години 34 слободни места.
Во техничкото училиште “Наце Буѓони“ за техничар за компјутерско управување има 16 места, машинско енергетски техничар 22, електротехничар енергетичар 34, електротехничар за компјутерска техника и автоматика 33 и за медицински сестри 19 слободни места.
Во вториот уписен рок критериумите за прием се намалени за 10 поени од она што беше предвидено во конкурсот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk