Слободни места по првиот уписен рок во училиштата

26.06.2014 12:27 | KumanovoNews

Во сите средни училишта во градот по првиот уписен рок останаа слободни места за упис на ученици во прва година.

Слободни места по првиот уписен рок во училиштата

Во средното економско училиште “Перо Наков“ за економски техничар има 41 слободно место, за техничар за трговија и маркетинг 58, деловен секретар 33, банкарски техничар 21, конфекциски техничар 33, техничар за обувки 32 и техничар за дизајн на облека 29.

Од земјоделското училиште “Киро Бурназ“ не прецизираат бројка, но велат дека имаат голем број слободни места за сите профили.

Од Гимназија “Гоце Делчев“ имаат уште 70 слободни места, а се запишани 231 ученик во првото пријавување.

 Од техничкото училиште “Наце Буѓони“ велат дека за техничар за компјутерско управување има 26 места, машинско енергетски техничар 30, електротехничар енергетичар 51, електротехничар за компјутерска техника и автоматика 43 и за медицински сестри 34 места.

Во првиот уписен рок се запишаа над 700 ученици.

Второто пријавување од првиот уписен рок е на 30 јуни и 1 јули и сите училишта ќе ги намалат критериумите за упис за 5 поени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk