Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во сите средни училишта во Куманово останаа слободни места за упис на ученици во прва година.
Во Гимназија “Гоце Делчев“ има 93 слободни места за македонски паралелки, плус 34 слободни места за запишување во српска паралелка.
Во “Перо Наков“ за економски техничар има 35, за техничар за трговија и маркетинг 44, за деловен секретар 30, за банкарски техничар 16, за техничар за дизјан на облека 25, конфекциски техничар 32 и техничар за обувки 31 место.
Во земјоделското училиште “Киро Бурназ“ има голем број на слободни места за сите образовни профили.
Во техничкото училиште “Наце Буѓони“ за машински техничар за компјутерско управување останаа 16 слободни места, за машинско енергетски техничар 22, електротехничар енергетичар 34, електротехничар за компјутерска техника и автоматика 33 и за медицински сестри 19 места.
Вториот уписен рок е на 21 август и сите средни училишта критериумите за упис ќе ги намалат за 10 поени од она што е предвидено во конкурсот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk