Словачкиот амбасадор во посета на Општина Куманово

30.03.2017 11:26 | KumanovoNews

Амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Мартин Безак денеска беше во посета на општината Куманово.

Словачкиот амбасадор во посета на Општина Куманово

Притоа се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски, со кој разговарале за актуелната политичка сотојба во државата и економска соработна на Куманово со градови во Словачка.

„Амбасадорот даде иницијатива за збратимување на Куманово со случен град од Словачка што ќе биде многу значајно, бидејќи овие земји од средна Европа во минатото се носители на технолошкиот и културниот развој на Балканот. Денеска ќе го посети затворениот базен и ќе го понудиме хотелскиот комплекс за идни можни инвеститори и партнерство со некоја фирма од Словачка и Европа, бидејќи очекувам оваа година да започне со работа, - изјави Дамјановски.

Амбасадорот истакна дека по две години повторно доаѓа во посета на општина Куманово за да го продолжат започнатиот дијалог.

„Без оглед на комплицираната политичка состојба во Македонија, мислам дека локалните самоуправи на двете земји мора да комуницираат затоа покренавме иницијатива за збратимување на двете општини. Тој проект добро функционира во општината Крива Паланка и со општината Ѓорче Петров. Политичарите доаѓаат и си одат, а граѓаните на Македонија заслужуваат подобра перспектива, - изјави Безак.

  Амбасадорот ќе ги посети и културните знаменитости во регионот: црквата „Св Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане и меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk