Службеничка во СВР Куманово издавала регистерски таблички без наплата, предизвикала штета над 400.000 денари

15.04.2025 14:19 | KumanovoNews

Вработената во Одделението за управни работи Куманово, осомничена  е дека одобрувала регистрација на возила без да ги исполнат техничките услови, при што го оштетила буџетот за 417.500 денари.

Службеничка во СВР Куманово издавала регистерски таблички без наплата, предизвикала штета над 400.000 денари

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против службеничка за кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик. 

„Пријавената, како овластено службено лице- референт во Одделението за управни работи Куманово во период од 11. ноември 2024 до 19. декември 2024, од магацинот на СВР Куманово задолжувала платливи обрасци и регистарски таблици наменети за работа на шалтер на МВР - во Станица за технички преглед на подрачјето на СВР Куманово. Таа примала барања и документи од странки за регистрација на возила, издавала регистарски таблици и платливи обрасци без да им изврши наплата, односно без да и бидат приложени уплатници за извршена уплата или непосредно да изврши наплата преку службениот Пос Терминал со банкарската картичка. Со тоа пријавената,  иако била свесна и знаела дека не се исполнети законски пропишаните предуслови,  несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, без претходно да ја запази процедурата за регистрација на возила, со што нанела материјална штета на буџетот на МВР во износ од 417.500 денари. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка“, соопшти МВР.

--------

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk