Службеник украл над 1000 евра од осигурување

01.12.2014 13:26 | KumanovoNews

Б.А.(22) од с.Слупчане, поранешен вработен во Друштво за осигурување во Куманово извршил измама, фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина на работното место.

Службеник украл над 1000 евра од осигурување

Пријавениот од јануари до јули годинава, уплатите на клиeнтите во Друштвото за осигурување за регистерски таблички, сообраќајни дозволи и налепници за регистрирани возила, наместо да ги уплаќа ги задржувал за себе. Фалсификуваните уплатници ги достаувал до референтите за сообраќајни работи во Управната служба во СВР Куманово. На овој начин пријавениот присвоил 69.460 денари, на штета на Буџетот на Р Македонија.

Б.А. ќе одговара за кривични дела измама, фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk