Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорот на Центарот за социјални работи Куманово, Даниел Живачки е разрешен од функцијата.
Информацијата ја потврдија од Министерството за труд и социјална политика. Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски вчера разреши шест директори на Центри за социјални работи меѓу кои е и Живачки.
Директорите на Центарот за социјални работи во Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Јавна установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми, се разрешени поради непотпишување на менаџерски договори. Директорите на Центрите за социјална работа од Гевгелија и директорот на Јавна установа Детски дом „11 Октомври”, се разрешени за недоставување на годишен финансиски извештај.
Директорот на Центарот за социјални работи од Крива Паланка е разрешен затоа што е константиран недостаток на документ за доделување на еднократна парична помош.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk