Сменет претседателот на Советот

04.10.2012 13:18 | KumanovoNews

 Виктор Цветковски повеќе не е претседател на Советот на Општина Куманово.

Сменет претседателот на Советот

Тој денеска беше сменет од функцијата на барање на советничката група на СДСМ. За разрешување на Цветковски гласаа 17 советници од СДСМ, ДУИ, ДПА, НСДП, ЛДП и независни, воздржано гласаше коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а против гласаа 4 советника меѓу кои и двајца советници на СДСМ.

Ова беше очекувано, бидејќи голем дел од советниците што ми даваа подршка во изминатиот период под уцени и закани мораа да ја сменaт одлуката и да гласаат за мое разрешување. Тие не успејаа да се спротивставата на притисокот на градоначалникот. Истовремено им се зaблагодарувам на луѓето што ми дадоа подршка и останаа свои до крај - изјави Цветковски.

Опозицијата во Советот, смената на Цветковски ја нарече политички линч и расчистување со не истомислениците на Бранко Црвенковски. Додека позицијата сметаше дека со негова смена ќе се надмине анимозитетот што постои со градоначалникот.

Виктор Цветковски пред неколку месеци беше исклучен од СДСМ откако се изјасни дека нема да даде подршка на градоначалникот Зоран Дамјановски за уште еден мандат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk