Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двете најголеми јавни претпријатија во Куманово – „Чистота и зеленило“ и „Водовод“ – имаат нови в.д. директори.
За в.д. директор на ЈП „Чистота и зеленило“ е назначен Сашо Томиќ од ВМРО-ДПМНЕ, кој долги години е вработен во претпријатието, а беше кандидат за советник. Со „Водовод“ ќе раководи Игор Липковски, кадар на ЗНАМ.
Тие доаѓаат на местата на Ненад Стојановски и Оливер Стојмановски. Стојмановски е разрешен од функцијата иако има менаџерски договор до 2027 година, и се враќа на поранешното работно место одделението за наплата.
Примопредавањето на должноста во „Чистота“ е извршено денеска. Стојановски се враќа во Секторот за даноци во Општина Куманово.
Двете јавни претпријатија се со големи проблеми, долгови и блокирани сметки, а во „Чистота и зеленило“ е започната извршна постапка за движни работи.
По стапување на должност на новиот мандат, градоначалникот Максим Димитриевски најави дека ќе има смени на раководните позиции во сите ешалони на јавните претпријатија и Општината.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk