Смени во месните комитети на ВМРО - ДПМНЕ

18.05.2012 07:53 | KumanovoNews

 Во месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ Куманово,  70 проценти од раководството е сменето, а само 30 одсто е задржан стариот кадар.

Смени во месните комитети на ВМРО - ДПМНЕ

 Претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Стојановски, вели дека овие освежувања немаат никаква врска со акцијата “Бран“ која се спроведува ширум земјава.

Ова е нормална појава. Некои луѓе од оправдани причини, или здравствени проблеми не можат да продолжат да ја извршуваат функцијата и гледаме да има што повеќе млади и образовани кадри. Ни требаат луѓе кои имаат елан за работа. Оние кои долго се активни веќе и се презаситиле - вели Стојановски.

Според него, со какво темпо и на колку години ќе се менуваат месните раководства на партиите зависи од потребите и тоа никогаш не може да се предвиди.

Распуштањето на месните комитети уследи набргу по назначувањето на новото раководство во огранокот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk