Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сметководителка од Куманово, неовластено изготвувала налози со фалсификуван потпис на управителот на фирмата, за која водела сметководствени услуги.
С.С.(52) сопственик и управител на фирма од Куманово вршејќи сметководствени услуги за фирма од Куманово во период од 2008 до 2013 година неовластено изготвувала налози фалсификувајќи го потписот на управителот на фирмата за која водела сметководствени услуги. Налозите не ги предавала на управителот за да не може да има увид во уплатени и исплатени средства. Второпријавениот И.С.(59) од Куманово бил ангажиран од С.С. за да врши исплата и уплата на оштетеното правно лице за сметка на други правни лица. Двајцата на ваков начин го оштетиле правното лице за 124.066 денари.
С.С. ќе одговара за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување или уништување на деловни книги, а И.С. за помагање.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk