Смок влегол во спална соба

06.06.2016 08:26 | KumanovoNews

Смок влегол во спална соба на семејство во кумановската населба Долно Којнаре.

Смок влегол во спална соба

Во саботата околу пладне, пред очи на домаќините, во дворот се појавила змија долга повеќе од метар ипол и влегла во куќата.

„Со гости седевме на терасата, кога на два метри од нас помина змијата и од влезната врата отиде во куќата. Сите скокнавме, дури и куќињата што лежеа во дворот, но не можевме ништо да направиме. Влезе во ходникот, а потоа во спалната соба и се сокри зад плакарот. Единствено што ни остана да ја затворивме вратата да не излезе“, - раскажува сопственикот О.К.(38).

Тогаш настанала вистинска драма, бидејќи домаќините незнаеле како да се ослободат од змијата. Побарале помош во противпожарната единица и ветеринарната станица, но од таму им рекле дека не интервенираат во такви случаи. Потоа се јавиле во приватно претпријатие за дезинфекција и дератизација, но екипата била на терен во Пробиштип и се враќала могу доцна. Откако, виделе дека немаат друго решение, вознемирени и уплашени, повикале роднина кој веќе имал искуство во справување со влекачи. Тој ја фатил змијата и ја исфрлил од куќата. Бидејќи постарите им кажале дека не се убива змија што ќе ти влезе во куќата ја пуштиле покрај реката. Сопстевникот се сомнева дека змијата дошла од улицата, па сега целото маало е во паника да се повтори немилиот настан. Апелира до луѓето што живејат во куќи да внимаваат на своите домови и да не остваат отворени врати и прозорци на куќите, да не се најдат во негова ситуација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk