Снабдувањето со гас се нормализира?

05.01.2012 14:07 | KumanovoNews

ЈП „Куманово-гас„ денеска најверојатно ќе добие гас, откако пред пет дена, „Макпетрол Промгас„ ги оствари заканите и ги исклучи потрошувачите поради тоа што не се договори со Регулаторната комисија за енергетика околу висината на маржата.

Снабдувањето со гас се нормализира?

Претпријатието денеска на седница на комисијата ќе добие лиценца за квалификуван потрошувач на гас, и со тоа ќе се создадат услови веднаш „Макпетрол„ да не приклучи на преносниот систем, како што беше и досега, и да се нормализира снабдувањето- вели директорот на ЈП „Куманово-гас„ Момчило Мирчевски.

Покрај „Куманово-гас„, од први јануари годинава без гас останаа и другите големи потрошувачи во државата. Само три фирми меѓу кои Топланите во Скопје биле поштедени.  

Кумановските потрошувачи на гас овие неколку дена се преориентирале на греење на нафта, додека состојбата се нормализира.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk