Снег вее во Куманово, Страцин, Крива Паланка, возете внимателно

22.01.2022 19:01 | Сузана Николиќ

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.

Снег вее во Куманово, Страцин, Крива Паланка, возете внимателно

Снег со слаб интензитет паѓа во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Попова Шапка, Маврово и Дебар. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk