Снег во северозападниот дел на државата

05.03.2015 09:03 | KumanovoNews

 Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на Стража и крак Маврово - Дебар.

Снег во северозападниот дел на државата

Според информации на АМСМ сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките места во северозападниот дел од републиката, додека во останатиот дел врне дожд.

 АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ ги потсетува возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk