Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Снегот кој наврна деновиве е добредојден за житните посеви, велат агрономите.
Дебелата снежна покривка ќе придонесе посевите да се заштитат од ниските температури.
“Сега имаме снежна покривка која позитивно ќе влијае на житариците. Да беше само сув мраз и ветер, ефектот ќе беше негативен. Иако се најавуваат температури од -16 степени, сепак снегот ќе се задржи, нема да се стопи и житата нема да бидат погодени од ниските температури. Во почвата имаше влага и претходно, а снегот откако ќе се стопи ќе придонесе за поголема влажност“ - вели Милан Ванчевски, агроном.
Ванчевски објаснува дека екстремно ниските температури се штетни за одредени сорти на винова лоза кои се осетливи на студено време.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk