Снегот повторно паѓа, сообраќајот се одвива во зимски услови

16.01.2017 10:45 | KumanovoNews

Во Куманово повторно паѓа снег. Според општинските служби снегот засега не создава проблеми и сите улици и локални патиша во Општината се проодни.

Снегот повторно паѓа, сообраќајот се одвива во зимски услови

„За викендот се фрлени доволни количини сол, но доколку има потреба повторно ќе се интервенира и со механизација, - изјави Момчило Јовановски, од Секторот за урбанизам.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, претежно по влажни коловози, наместа со остатоци од снег, информираат од „Македонија пат“.

Патниот правец Македонски Брод- село Здуње околу кој гравитираат 11 села, сѐ уште не е прооден за секаков вид сообраќај.

На планинските превали Плетвар, Пресека и Стража е воведена забрана за тешки товарни возила од превентивни причини. Забрана за движење на камиони има и на патниот правец крак Маврово- Дебар.

Во клисурите и во засеците е можна појава на помали одрони, па надлежните препорачуваат внимателно возење, приспособување на брзината спред условите на патот и почитување на сообраќајната сигнализација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk